Мицкоски: Информациите за начинот и материјалот за градба на модуларните болници ја надминуваат моралната одговорност
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски денеска во статус на „Фејсбук“ напиша дека информациите за материјалот кој е користен за градба на модуларните болници ја надминува моралната одговорност на надлежните.
Прашува зошто во набавката за модуларните болници се барале лесно запаливи PUR панели, не се барало атест за квалитет и зошто немало противпожарна заштита.
– Со набавката направена од Министерството за здравство се бара монтажните болници – контејнери да бидат составен од ѕидни и кровни (PUR) панели кои се најслабо огноотпорни. Никаде не се бара да се достави атест од производител на било кој материјал што е вграден во модуларните болници. Нема никаде дека обврзувачко е во самите објекти да има и планови за евакуација. Покрај тоа што не се бара елаборат (проект) за ПП заштита, исто така не се бара да бидат запазени минималните барања за ПП заштита за ваков тип на објекти (здравствени установи), пишува Мицковски.
Додава дека според Правилникот за заштита од пожари, овие објекти спаѓаат во категоријата Г за која важи дека мора да бидат огноотпорни минимум два часа, а болницата во Тетово, како што вели, изгоре за две минути.
Според Мицковски, сето ова ја надминува моралната одговорност на надлежните. Смета дека треба да се спроведе објективна истрага.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Собранието неделава со интензивна агенда, понеделнички собраниска седница и заседанија на седум комисии
-
Трамп: Украина може да „не ја преживее“ војната дури и со наша помош
-
Марк Карни ќе го замени Трудо како премиер на Канада
-
Студено утро, сончево и топло преку ден
-
Состојба на патиштатa
-
Андоновски: До јуни годинава ќе биде изработена Националната ИКТ стратегија
-
Трамп: Нуклеарното оружје е монструм што може да доведе до крај на светот
-
Поради сообраќајка на патот Ресен - Битола возилата се пренасочуваат по стариот пат