Мицкоски: Имаме намалување на државниот и на јавниот долг и зголемување на индустриското производство во јуни од 6,5 отсто

Имаме намалување и на државниот и на јавниот долг во вториот квартал и сега сме, би рекол, посебно за државниот долг, на ниво коешто, е најниско од после короната. Имаме намалување за нешто повеќе од 40-тина милиони евра кај државниот и нешто повеќе од 20-тина милиони евра кај јавниот долг во вториот квартал од годината и имаме зголемување на индустриското производство во јуни месец од 6,5 проценти или, ако се земе вториот квартал, е 4 проценти, изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Дебар.
Според Мицкоски, тоа се уште неколку лоши вести за опозицијата и оние коишто се молат и сакаат да не успее оваа држава.
- Тоа не се добри вести за оние коишто не сакаат да успее оваа земја. Тоа се лоши вести за опозицијата, којашто секој ден конструира, измислува, создава хистерија во општеството, а во суштина сите овие наследени проблеми, односно урнисана држава, ограбена држава, засрамена држава, понижена држава е резултат на оние седум години СДСМ и ДУИ- рече Мицкоски.
Тој нагласи дека како Влада ќе сторат сè што е во нивна моќ тоа да го санираат и, според него, тоа се уште многу лоши вести за опозицијата во периодот што доаѓа.
- Тоа се добри вести за граѓаните, односно успеси за државата, за општините и и за граѓаните. И ние како Влада ќе продолжиме така да функционираме во периодот којшто којшто следи. Така што индикаторите на две години напорна работа полека, но сигурно стануваат видливи, успесите доаѓаат и добрите времиња се се пред нас- рече Мицкоски во Дебар, каде што присуствуваше на доделување 47 станови за социјално загрозени категории граѓани.
МИА
Ново на Сител
-

Град Скопје: Водата е безбедна
-

Скопјани масовно купуваат вода од маркетите - шпекулациите за ешерихија ги празнат рафтовите
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС го допре дното
-

„Политико“: ЕУ ги менува правилата за проширување поради страв од блокада на Унијата
-

25 години Охридски рамковен договор
-

„Пулс“ незаконски бил пренаменет во дискотека, објектот бил предвиден за лесна индустрија
-

Прогласена епидемија на западнонилска треска во пет скопски општини - почина 83 годишен скопјанец
-

Преглед на вестите од светот
