Мицкоски: Имаме богата влада, а сиромашен народ
Имаме сиромашни граѓани, плаќаат инфлација. А, имаме богата Влада која што договара во четири очи тендери и прогласува кризна состојба за да никој жив не знае како ќе идат парите од Буџетот до ЕСМ, ова истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување во централниот дневник на Сител телевизија.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи без да се види каде се потрошени парите од минатата кризна состојба нема да поддржи продолжување на истата.
„Без да видиме каде се потрошени парите, а имаме сериозни индиции за сторен криминал, на памет не ми паѓа да побарам од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата да поддржи продолжување на енергетска кризна состојба. На памет не ми паѓа“, децидно одговори Мицкоски.
Тој додаде дека без да се види каде отидоа парите за јаглен, како инстант компании преку ноќ формирани добиваат милионски тендери за превоз на јаглен, каде отидоа парите за мазут, колку мазут се купи и по која цена се купи истиот тој мазут, нема да се поддржи продолжување на кризна состојба.
„Додека тоа не го видиме на маса, нема шанса и на памет не ми паѓа да побарам од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата да поддржи продолжување на кризна состојба“, нагласи Мицкоски.
„Нормално ли е инстант компанија денес формирана, утре да добие тендер за транспорт на јаглен од Х места. Нормално ли е ? Тоа не е нормално! Па, тука криминалот од месечината се гледа“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Средба на Исени со Филипиду: Со заеднички сили во управување со миграциите и борбата со илегалната миграција
-
Пет француски тенисери суспендирани поради местење натпревари
-
Противниците на Трамп подготвени за масовни протести низ САД
-
Уапсен 26-годишен неготинец, украл возило и под дејство на алкохол и без возачка дозвола скршил рампи на наплатни станици на автопат
-
Началниците на генералштабовите на Франција и Британија се сретнаа со Зеленски во Киев
-
МВР со апел да не се наседнува на измами со лажни сообраќајки, да се пријават во полиција
-
Претреси во струмичко, пронајдена дрога | ФОТО
-
Познати сите екипи кои се пласираа во следната рунда од Евролигата