Уапсен 26-годишен неготинец, украл возило и под дејство на алкохол и без возачка дозвола скршил рампи на наплатни станици на автопат
На 04.04.2025 во 23.15 часот на автопатот А1, на бензинска пумпа во близина на Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово го лишиле од слобода М.Д.(26) од Неготино. Имено, тој украл патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на С.Д.(38) од Неготино, кое според пријавеното било паркирано во двор на чичко на пријавителот во Неготино, и потоа со возилото на автопатот, во правец кон Велес, скршил рампа на наплатна станица „Виничани“, а по кратко време повторно скршил рампа на наплатната станица „Виничани“, но во правец кон Неготино.
Преземени се мерки од страна на полициски службеници, по што М.Д. бил принуден да го запре возилото. Од извршените проверки било констатирано и дека го управувал возилото пред да се стекне со право на управување и со 1.54 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настаните против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци за сторените прекршоци и кривични дела по член 297 А и 383 став 1 од КЗ.
Ново на Сител
-
Поради пожарот во „Јасен“, се уште затворен регионалниот пат Македонски Брод - Скопје
-
Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата
-
ЦУК: 27 пожари на отворен простор, активни два и еден под контрола
-
Илјадници демонстранти во Тел Авив побараа крај на војната во Газа
-
Дачиќ за вчерашните протести: Повреден жандарм, уапсени 18 лица, воспоставен ред и мир
-
Сончево утро, нестабилно попладне
-
Али: Локализиран пожарот над Лојане, селото целосно заштитено
-
Влеговме во Гинис и направивме реално шоу како се гради стартап | Сања Митровска | Sitel Podcast 109