Македонија
21. јуни 2022 - 9:29

Мицкоски: Имам 100% доверба во пратениците, нема да се случи нов Крсто или Нола

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ синоќа за ТВ24 изјави дека пратеничкиот состав што го има ВМРО-ДПМНЕ, 100%  нема да гласа за уставни измени за прифаќање на бугарските барања, запрашан дали може да се случи слична ситуација како во 2018 година, кога осум пратеници, дел од тогашната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, гласаа „за“ отворање на Уставот и промена на името.

Тој додаде дека „ако 1% се излажам, тогаш нормално треба да сносам одгорност, дека не сум успеал да изградам став во рамките на пратеничката група“.

-Но еве ве гледам во очи и ви кажувам – имам 100% доверба дека во секој еден од нив дека нема да се случи нов Крсто, Нола или останатите, рече Мицкоски во емисијата „24 анализа“.