Мицкоски: Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе спушти половина од парите за капитални инвестиции
Човек е секогаш задоволен кога присуствува на реализација на проекти кои што значат поквалитетен живот за граѓаните. Така и денеска овде во општина Ново Село и Босилово ја користам оваа прилика да им честитам и на Ѓорѓи и на Ристо за ова кое што го прават овде бидејќи навистина на овој начин се помага на земјоделците за да имаа подобра пристап до својата земја која што потоа ја обработуваат, а потоа од таа земја ја хранат Македонија и своите семејства.
Во оној неврзан дел од разговорот доаѓајќи наваму ја отворивме тема што ќе се случува после изборите и новата влада на ВМРО-ДПМНЕ, и ја користам оваа прилика да напоменам дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ планира половина од средствата планирани за капитални инвестиции кои што би биле не помалку од 15 милијарди денари годишно да ги спушти на локално ниво, на ниво на општините за општински проекти кои ќе бидат во три области, а тоа е изградба на канализациони системи кои ќе завршуваат со изградба на пречистителни станици, потоа водоснабдителни системи нормално за техничка вода и вода за пиење и исто така асфалтирање и пробивање на патна инфраструктура. Овие три типа на проекти се многу значајни за луѓето надвор од градските средини, бидејќи многу мала е покриеноста со канализациони системи, водоснабдителни системи со питка вода, а истовремено и со асфалт. Тоа се проекти кои што се предвидува да бидат до 30 милиони денари или минимум 500тини проекти на целата територија на Македонија. Затоа ги повикувам сите општини, вклучително и општина Ново Село и Босилово да направат, да изготват проекти бидејќи во периодот кој што следи ќе имаме избори, а победникот е јасен. Се знае дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира следната влада и ние веќе размислуваме како од првиот ден да ги почнеме да ги задоволуваме очекувањата на граѓаните, бидејќи имаме целосна апатија овие пет и пол години, е ве шеста година, како да тргне наеднаш напред затоа што мораме да ја вратиме довербата кај граѓаните дека не се сите исти и дека ние размислуваме за развој на Македонија.
Затоа ги охрабрувам сите општини без разлика дали се тоа градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, дали е ДУИ, Алијанса на Албанците, БЕСА или независни, да работата на изработка на проекти. Ние сме свесни дека оваа влада на ДУИ поддржана од СДСМ ниту има визија, ниту знае што е проектен менаџмент, ниту ќе им обезбеди средства. Знаеме дека се притиснати, се кратат дотациите, се уценуваат за вработувања во градинки, свесни сме за сето тоа, и не очекуваме ништо. Но, еве по преземањето на владата планираме еден робусен чекор, голем чекор во насока на инфраструктуиризација на Македонија, во делот на канализација со пречистителни станици на крај, водоснабдителни системи за питка вода, и пробивање на патишта и сите тие да бидат асфалтирани.
Цениме дека минимум 500тини проекти годишно ќе имаме, ако не и повеќе и тоа ќе значи еден голем чекор напред кон развој на Македонија и обезбедување на подобри услови за живот на нашите сограѓани да го намалиме или барем да го нема оној изговор кога велат дека немаме елементарни услови за живот и заради тоа се селиме. Еве на овој начин ќе обезбедиме секој еден граѓанин без разлика каде живее дали во градска или рурална средина да може да обезбедиме да има пристојни услови за живот и да може тука да остане, а не да се сели од Македонија.
Уште еднаш ќе ми дозволите да им честитам на градоначалниците, администрацијата, и советите во Ново Село и Босилово, се соочуваат со големи предизвици, но тие се храбри, чесно и одговорно работата, и во зависност од тоа колку имаат на располагање можности, така и реализираат проекти и огромен процент ветено од програмата веќе е реализирано, а веќе очекувам со преземање на владата на ВМРО-ДПМНЕ и оној дел кој што се уште не е реализиран, да биде реализиран, за да може нешто повеќе од тоа кое што сме го ветувале во кампањата.
Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Галичник недостапен за новогодишните празници, снегот од патот неисчистен
-
Пандев спортски директор на националните селекции, Најдоски и Ибраими советници на Омерагиќ
-
Десетици илјади на протести во Белград и во Ниш
-
Без струја утре делови од Аеродром, Сарај и Кисела Вода
-
Традицијата продолжува, блесна новогодишната елка под вода
-
Заплена и апсење за пиротехника
-
Германските имиграциски власти предупредувале за осомничениот од Магдебург
-
По 24 пат накитена новогодишната елка во водите на Охридското Езеро