Мицкоски: И утре да ги внесеме Бугарите во Устав, прашање е само дали за 3, 6 или за 9 месеци ќе имаме нов услов

Секоја отстапка од македонска страна резултира со нов услов и заради тоа се потребни гаранции од ЕУ, смета премиерот Христијан Мицкоски. Барањата за гаранции од ЕУ, според него, се логични и произлегуваат од искуствата од минатото, а Владата нема да прифати процес кој ќе отвори простор за нови условувања.
Премиерот на денешниот брифинг со новинарите истакна дека поучени од институционалната меморија од минатото дека секоја отстапка создава простор за нови услови, логични се овие барања од македонски страна.
– Уставните измени се само почеток. И утре да ги внесеме Бугарите во Устав, прашање е само дали за 3, 6 или за 9 месеци ќе имаме нов услов. Едно е политика, а друго е национален интерес. Прашањето е дали ќе продолжиме по овој пат да бидеме наивни дека ако правиме отстапки, тоа е начинот. Јас не мислам дека тој пат е добар. Овој пат по кој оди оваа Влада е тежок, но не е срамен, истакна премиерот.
Во врска со иницијативата од Брисел и од земји од ЕУ за состаноци на кои требало да се разговара за оваа состојба и сите да си ги кажат аргументите, Мицкоски вели дека до овој момент, ниту тие кои тоа го организирале, ниту македонската страна не знаат дали бугарската страна е подготвена и сака да разговара.
-Дали разговорите ќе бидат билатерални директно со Софија или преку Брисел зависи од Бугарија. Тука треба да направиме разлика. Прво ако разговараме и ако ова не е билатерално, туку европско прашање логично е да раговараме во Брисел. Тука бугарската страна вели, ние може самите да го решме ова бидејќи е билатерално прашање. Тогаш тоа е билатерализација. Нека расчистат со себе дали е билатерално, ако е билатерално ние сме подготвени со нив да разговараме, било каде кај нив каде сакаат, да знаеме дека е билатерлно. Ако е наше и европско со Брисел, тогаш таму треба да разговараме. Еве ние им велиме одлучете вие, рече Мицкоски на средбата со новинарите.
МИА
Ново на Сител
-

Исполнета квотата за вработување во Германија според Западнобалканската регулатива
-

ГП Евзони (Богородица) блокиран за влез и излез
-

Гласот на вековите: Свети Климент Охридски меѓу својот народ
-

Тешко повреден возач во возило кое излетало од патот кај Марена
-

Пожарникарите од Кавадарци спасија куче од водите на реката Луда Мара
-

МВР: Уште една измама со лажна сообраќајка, 82-годишна скопјанка измамена за 170.000 денари
-

Грчките земјоделци ги интензивираат активностите – дополнителни блокади низ целата земја
-

Честитка од претседателот на Социјалистичката партија по повод празникот Св. Климент Охридски
