Мицкоски и Николоски на увид во градежните работи за изградба на водовод за селата Љубанци и Љуботен

Премиерот Христијан Мицкоски заедно со вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска беа во работна посета на општина Бутел, каде извршија увид во градежните работи за изградба на водовод за селата Љубанци и Љуботен.
Како што информира Министерството за транспорт, проектот се реализира по тридецениското барање на жителите на овие населени места да добијат чиста вода за пиење.
-Проектот е финансиран од буџетот на Министерството за транспорт во вредност од 106 милиони данари. Се реализира со цел да се обзбедат поквалитетни услови за живот за сите граѓани во општина Бутел. За таа цел предвидено е да се изгради нова пумпна станица на локацијата на постојниот резервоар за висока зона како и да се изградат нови резервоари за двете населени места, се наведува во соопштението.
Со реализција на проектот се гради пумпна станица во Радишани, цевковод од пумпната станица Љуботен до резервоар Љуботен и цевковод од пумпна станица Љуботен до резервоар Љубанци.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Божиќ - Празник на Христовото раѓање
-

Балканскиот Ерусалим исполнет со верници
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со отец Антонио Апостолоски, од Соборниот храм „Св. Климент Охридски“
-

Православните христијани го празнуваат Бадник
-

Бадниковите поворки низ Македонија го најавија Христовото раѓање
-

Лекарски совети за празници без здравствени ризици
