Мицкоски и Алиу во посета на реконструираното болничко одделение на ЈЗУ Клиника за урологија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски и министерот за здравство Азир Алиу ќе присуствуваат на пуштањето во употреба на целосно реконструираното болничко одделение на ЈЗУ Универзитетската клиника за урологија при Клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
На настанот ќе се обратат и д-р Башким Шабани, специјалист хирург - уролог и директор на Клиниката и Сашо Клековски, директор на Фондот за здравствено осигурување.
Како што информираат од ЈЗУ Клиника за урологија, настанот е по повод завршувањето на важен инвестициски циклус на Клиниката, во рамки на кој целосно е реновирано болничкото одделение, имплементирани се нови медицински технологии и воведени се нови методи за лекување. Притоа, како што посочуваат, ќе бидат презентирани и идните планови за развој на Центарот за трансплантација и Центарот за калкулоза.
МИА
Ново на Сител
-

Протест на пензионерите пред Уставен
-

Почнаа да снимаат камерите - казни од следниот месец
-

Реформската агенда и Берлинскиот процес на дебата во Собранието
-

СДСМ: Разузнавач вработен во фирмата која го добила тендерот
-

Андоновски: Над 20.000 студенти ги искористиле ваучерите
-

Цврстите горива и понатаму број 1 причина за аерозагадувањето во Македонија
-

Преглед на вестите од светот
-

Преглед на вестите од светот
