Мицкоски: Груби заедно со стопанственик со дипломатско возило вчера ја напуштил Македонија и заминал во Косово
Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека поранешниот прв вицепремиер Артан Груби заедно со уште едно лице со дипломатско возило вчера ја напуштил земјава и заминал во Косово.
-Моите информации се дека поранешниот директор на Државна Лотарија подолго време не е во земјата. Додека, поранешниот вицепремиер во текот на вчерашниот ден со еден стопанственик, со возило со дипломатски таблици ја напуштил Македонија и се упатил кон нашиот северен сосед Косово, рече Мицкоски.
Премиерот во интервјуто посочува дека е донесена одлука за продолжување на реализацијата на коридорите 8 и 10Д, оти ако бил откажан проектот од „Бехтел и Енка“, државата ќе требало да исплаќа милиони.
-Кога требаше да се оценува проектот на Бехтел и Енка. Апсолутно и натаму го оценувам како најкриминален. Ако сега го откажам вас, нас и идните генерации ќе не чини милиони, затоа добив кнедла, добив политички куршуми, и решив да го решиме час поскоро. Мислете вие мило ми беше. Го имам истиот став, и за фирмата за гаќите, истото го имам, рече тој.
Посочи дека 25 милиони евра одвоиле од буџетот за финансирање на Универзитетот „Мајка Тереза“ и за ова бил нападнат од неговите колеги, но тоа, рече тој, никого не го интересира.
-Знаете колку бев нападнат од моите колеги од скопскиот универзитет? Знаете ли колкави беа ударите од „Кирил и Методиј“ врз мене. Еве јас сум професор таму или тоа никого не го интересира, бидејќи тоа не се споделува во тој микрокосмос. Можам да ви редам многу вакви примери каде што ние треба да покажеме единство, вели Мицкоски.
Тој се осврнал и на неодамнешните настани и порача дека за прв пат биле одговорни пред органите оние кои го запалиле албанското знаме.
-Никогаш порано тоа не се случило. Е да, одговорни се тие кои што го палеа македонското знаме, национално, бидејќи тоа ни е заедничко, додава Мицкоски.
Ново на Сител
-
Под истрага 18 членови на „Беланоца – Барон“
-
Претседателката Сиљановска Давкова го прими специјалниот пратеник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Стјуарт Пич
-
ДСЗИ со вонреден инспекциски надзор за починатото седуммесечно бебе
-
Тошковски: Кривична пријава за поранешниот премиер и вицепремиер
-
Седуммечесно бебе почина на Детската клиника
-
Финансиски соработник во СОЗР осомничен за злоупотреба на службената положба, 23 други лица осомничени за прикривање
-
Сијарто: На Украина и треба примирје, а не дополнително вооружување
-
Совети за поцврста врска