Мицкоски: Граѓаните на истокот живеат мачно
Денеска сме во Малешевијата и Пијанец, во Делчево, Берово и Пехчево и ќе разговараме со граѓаните за нивните вистински и реални потребни, а не онаа розева слика којашто владата на СДСМ и Зоран Заев се обидуваат преку своите медиуми да им ја презентираат на граѓаните. Туку, да зборуваме за онаа вистинска реалност која граѓаните ја чувствуваат и која што ја живеат.
Она коешто денеска го видов на пазарот и она коешто успеав да го расприкажам со пазарџиите е тешкиот и мачен живот, маката којашто натежнала, слабиот промет, се помалку купувачи, бидејќи народот од овој крај се иселува масовно. Сретнав неколкумина кои што ми кажаа дека денеска или утре ќе ги полнат автобусите и заминуваат во Италија, Германија.
Навистина тешка слика и далеку од она кое што беше говорено за време на предизборието од страна на СДСМ и Зоран Заев, но и од страна на градоначалниците кои овде во истокот пустошат и се гушат во криминал и корупција. Така да една лоша слика.
ВМРО-ДПМНЕ на следните избори ќе излезе со јасен план и јасна стратегија како да го врати вистински животот во истокот на Македонија, да успее што повеќе нашинци да ги одврати од желбата да ги напуштат родните домови, затоа што каменот тежи тука, како што кажа еден соговорник на пазарот.
Да инвестираме што е можно повеќе, да отвориме што е можно повеќе добро платени работни места, младите да останат тука затоа што тие се богатството на Македонија и богатството на истокот.
Така што учиме заедно со граѓаните и разговараме, а врз основа на тоа што го учиме сакаме и да создадеме програма која нашите градоначалници во следниот четиригодишен мандат после победата на локалните избори ќе го исполнат и ќе покажат дека можело поинаку и дека не се сите исти.
Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Путин: Американските санкции нема значително да влијаат врз руската економија
-
Колку и да си популарен остани си човек | Боби Павловски | ПРОфесија | Sitel Podcast 120
-
Милосим Војнески се повлекува од изборната трка за градоначалник на Македонски Брод
-
Кривичен одреди притвор и куќен притвор за осомничените за лихварство и перење пари
-
На Табановце и Блаце за влез и излез од државава се чека до 40 минути
-
Мицкоски: Нема предвремени избори, време е за голема офанзива на секој план, народот сака подобар стандард
-
ДИК ги одби сите 57 приговори за првиот круг од локалните избори
-
Мицкоски: Да излеземе масовно на 2 ноември и да го заокружиме бројот 9 за развој и напредок