Мицкоски го повикува Ковачевски на ТВ дуел
ВМРО - ДПМНЕ ќе продолжи да врши притисок за да се обезбедат што е можно повеќе резолуции за заштита на македонскиот јазик, како таа во германскиот парламент. Ова го истакна денеска претседателот на ВМРО - ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во изјава за медиумите, запрашан како ја коментира резолуцијата донесена во германскиот парламент за заштита на македонскиот јазик.
- Секоја таква резолуција е добредојдена, ја прегрнуваме. Очекуваме такви резолуции и од други наши стратешки партнери во периодот што следува. Тоа не е, би рекол, ниту пет проценти од она што овој народ го заслужува. Овој народ заслужува фер шанса, каква што имале сите народи што пристапувале кон Европската Унија. А тоа е, без условување, без отстапки по националниот идентитет, да може да покажеме колку знаеме и колку вредиме, во еден нормален процес на преговори да станеме земја членка на Европската Унија, нагласи Мицкоски, кој присуствуваше на одбележувањето на 80 години од стрелањето на 12 младинци во кавадаречкото село Ваташа.
Во контекст на актуелните полтички случувања во земјава околку уставните измени, Мицкоски го повика премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачески да се соочат на ТВ дуел.
- Ковачевски се плаши да оди на избори, се плаши да излезе на ТВ дуел. За да нема вака кажавме така кажавме, средба на тимови, средба на лидери, еве јавно пред македонската јавност на ТВ дуел, очи во очи да си кажеме тоа што сакаме па народот нека суди и нека пресудува, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
На новинарско прашање како ја коментира изјавата на Бујар Османи дека по уставните измени, Бугарија нема повеќе да не блокира, Мицкоски рече дека за да коментира Османи треба да има кредибилитет. Мицкоски му порача на Османи да го советува новиот бугарски министер за надворешни работи, да земе пример од свој колега министер и „да дојде на споменикот на 12 стрелани младинци од Ваташа во 1943 година и да клекне и да се извини и да побара прошка за тоа што го направил бугарскиот фашистички окупатор во Втората светска војна".
- Тогаш можеме да седнеме да размислуваме за било какво простување, нагласи Мицкоски, појаснувајќи дека такво нешто имал направено германски министер, клекнал и се извинил за тоа што го правеле германските фашисти во Полска.
Ново на Сител
-
Александар Стефанов нов претседател на Ракометната федерација на Македонија
-
Пробале да го легитимираат, а тој со возилото удрил во полициско службено возило
-
Пронајдена дрога во Струмица и Гевгелија, приведени пет дилери
-
По инцидентите на масовниот протест во Атина приведени 220 лица
-
Зеленски на средба со европските и лидерите на НАТО во Лондон
-
Пронајдена граната од Прва светска војна во дворот на Педагошкиот факултет во Битола
-
Тешко повреден 70-годишен скопјанец откако бил удрен од автобус на ЈСП
-
Тетовчанец со возило удрил малолетник и побегнал