Мицкоски: Европа е нашиот единствен пат, треба да разговараме за решенија со кои ќе одиме напред

Премиерот Христијан Мицкоски на свеченоста по повод 9 Мај - Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа порача дека Европа е нашиот единствен пат и оти нашата татковина нема друга иднина и шанса за успех освен интеграцијата во Европската Унија.
Мицкоски истакна дека во Европа не гледа само како на географија и оти Европа треба да биде вредност, како и дека мора да се разговара за трајни решенија по кои ќе можеме да одиме напред, а не за решенија со кои ќе оставиме големи товари на нашите потомци.
Повтори дека „пазар со идентитетот, пазар со нашето достоинство во замена за какви било лични или политички придобивки, какви што имало во нашата понова историја, никогаш нема да прави“.
Како што наведе Мицкоски на свеченоста, од урнатините на војната се роди идејата за европско обединување, посочувајќи, не како политички проект на бирократи, туку како цивилизациски завет – дека никогаш повеќе народите нема да се уништуваат меѓусебно. Европа на солидарност, вредности и принципи. А што се принципите ако не правила кои треба да важат за сите, норми кои треба да донесат просперитет и иднина?. Ние верувавме во тоа и сè уште веруваме дека Европа е нашиот единствен пат. Нашата татковина нема друга иднина и шанса за успех освен интеграцијата во Европската Унија. Но, исто така, да не се залажуваме – постои и горко искуство од многу откажувања, препреки и неразумни спорови на овој наш пат. Тоа силно и длабоко фрустрира, кога принципите се кршат токму врз грбот на оние кои бараат принципи и праведна шанса. Исто како што обесхрабрува и рамнодушноста на многу поголеми држави кон овие неправедни епизоди на нашиот народ и држава, рече Мицкоски.
Европа, нагласи, е верба во човековото достоинство, во демократијата, во владеењето на правото, во почитта кон различностите и во правото секој народ слободно да чекори по својот пат.
- Разбирам и дека Европа денес повторно се соочува со предизвици. Војни, поделби, радикализам, економска неизвесност и криза на доверба. Во време кога повторно се слуша јазикот на омразата, наша должност е да бидеме глас на разумот, стабилноста и единството. Мора да разговараме и да се обидуваме, затоа што само така можеме да дојдеме до решенија. Но не решенија со кои ќе оставиме големи товари на нашите потомци, туку трајни решенија по кои ќе можеме да одиме напред, истакна Мицкоски.
Секој што ме знае добро, посочи премиерот, уверен е дека, колку и да постојат празнини и недржавничко однесување во нашиот политички естаблишмент, добро знае дека пазар со идентитетот, пазар со нашето достоинство во замена за какви било лични или политички придобивки, какви што имало во нашата понова историја, никогаш нема да правам. Ниту ми паднало на ум такво нешто. Оваа моја позиција им пречи на неколкумина, но и тие знаат дека честа нема цена и дека никогаш нема да нанесам каква било штета на нашата држава, рече Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

ИЕА очекува пад на производството на нафта во 2026 година на околу 102,2 милиони барели дневно
-

Полицаец во обид да избегне лисица паднал со службен мотор на Водно
-

Мицкоски: Разгледани клучните реформски приоритети за европската интеграција
-

АХВ: Не сме дале изјава дека вчера заловеното животно во Козле е куче, а не волк
-

Паника и недостиг од излези во „Пулс“, стои во пишаните сведоштва на две девојки, одбраната побара да не се прифатат овие докази
-

Јаневска по случајот со повредениот ученик: Неопходна е секторска соработка, но и родителите да посветат внимание на своите деца
-

ВМРО-ДПМНЕ е промакедонска партија, тоа што СДСМ одамна го изгуби својот идентитет е нивен проблем со кој брзо ќе се соочат на избори, вели Мицкоски
-

Љупчо Николовски повикан во полициска станица, тврди дека случајот е политички монтиран
