Македонија
10. December 2022 - 11:18

Мицкоски: ЕСМ за новиот увоз „херојски” ќе плати со народни пари околу 2.500.000 евра

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Фејсбук напиша дека ЕСМ за новиот увоз ќе плати со народни пари околу 2.500.000 евра.

- Иста компанија, „херојски“ авансни провизии, многу криминал и корупција. Не треба истрага, не треба специјални тимови, криминалот е насекаде. Треба избори и нови луѓе да ги водат институциите.

Новиот увоз на струја е за 7 дена, од 12 до 18 Декември, а ЕСМ за овој увоз „херојски” ќе плати со народни пари околу 2.500.000€.

Од 7 Ноември до 18 Декември или за точно 41 ден, потрошени се вкупно 39.180.708€ за увоз на струја.

Доаѓа крајот на корумпираните политички измамници. Доаѓа време за одговорност! - пишува Мицкоски.