Мицкоски: Диктати од ДУИ како она за претседател избран во Собрание не ми паѓа на памет да прифатиме
„Барањето на ДУИ претставува фолклор како што веќе го коментирав во јавноста. Обид за дефокус на јавноста од криминалот во кој озбилно се фатени од страна на јавноста. Обид да се наметне порака, обид да се наметне тема во јавноста, нешто слично на кампањата за парламентарните избори во 2020 година кога нели требаше премиер Албанец, сега потпретседател нели Албанец, да се бира претседателот во рамките на Собранието итн., и тоа го уценуваат со учество во вториот круг“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во телевизија Сител во „Тема на денот“.
Претседателот Мицкоски продолжи и додаде дека тој и ВМРО-ДПМНЕ диктати не прифаќаат.
„Прво треба да знаат дека ВМРО-ДПМНЕ диктати не прифаќа и тоа е барем многу јасно. Ниту јас како личност, ниту пак ВМРО-ДПМНЕ. Треба да им е јасно од политиките досега кои сега ги водиме дека тоа за нас е неприфатливо по ниедна цена“, кажа Мицкоски.
Претседателот Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ не само што нема намера таков диктат да прифати, туку ни на памет не паѓа да седнат и да разговараат врз основа на вакви пораки.
„Второ со ваквиот тип на политики и пораки во јавноста и кон меѓународната заедница тие јасно кажуваат дека се се’ само не се европска партија. Покрај фактот што не членуваат во ниту едно европско семејство, со ваквиот тип на уцени и пораки тие практично докажуваат уште еднашка дека го имаат изгубено својот идентитет од пред 20 и повеќе години. Ако пледирате да бидете државотворна партија треба така и да се однесувате“, заклучи Мицкоски.
Ново на Сител
-

Трамп за спорот околу Гренланд: Ќе најдеме решение
-

Дводневно заседание на Воениот комитет на НАТО на ниво на началници на генералштабови
-

Облачно со повремен снег
-

Забрана за камиони на Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан
-

Тошковски: Целта на „Безбеден град“ не е да казнува, туку да спаси човечки животи
-

Кузмановски: Мора да бидеме задоволни, иако посакувавме повисока победа
-

Со звукот на сирената Македонија ја совлада Романија на ЕП
-

Јанукович осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште
