Мицкоски: Да не влегуваме во замката да бидеме вовлечени во предизборната реторика кај нашиот источен сосед
Во периодот што следи државата ќе се соочи со два крупни предизвици – обид на внатрешни структури за создавање нестабилност и обид од нашиот источен сосед да не’ внесат во предизборната реторика, предупредува премиерот Христијан Мицкоски, апелирајќи до македонските граѓани, до политичарите, до оние коишто и мислат добро на татковината и на граѓаните да не наседнуваме на овие провокации.
Мицкоски, кој се наоѓа во прва официјална посета на Хрватска, во изјава за МИА уверува дека „ние си имаме наша стратешка цел и знаеме по кој пат треба да чекориме“.
-Знаеме што треба да направиме, знаеме што очекуваат граѓаните од нас и треба да го испорачаме тоа што тие го очекуваат од нас и за тоа ќе треба да работиме секој ден жестоко, напорно и посветено и најбитно чесно... Така што, од овде од Загреб мојата порака е – ве молам да се стремиме кон тоа што е наш интерес, да не влегуваме во замката на интересите на поедини криминални структури внатре во земјата и да не влегуваме во замката да бидеме вовлечени во предизборната кампања и реторика кај нашиот источен сосед, изјави Мицкоски.
Оваа естрада, во која што, како што подвлече Мицкоски, ќе се обидуваат овие центри на моќ внатре, но и надвор од земјава да не’ внесат „треба да ги гледаме одозгора, тие не го заслужуваат нашето внимание“.
Во однос на реакциите од бугарското МНР дека државата се оддалечува од евроинтеграциите со изјавата за репреговарање на Францускиот предлог, Мицкоски во изјава за МИА предупредува дека тие ќе се обидат да не’ внесат во предизборната реторика и да предизвикаат реакција од наша страна за ние да бидеме лошите.
-Знаете, после многу перипетии таму се закажани седмите по ред избори во последните три години на 29 октомври чинам дека беа и тамошните политичари ќе сторат се’ за да не’ внесат во нивната предизборна реторика и на тој начин да предизвикаат реакција од наша страна со која што ќе се обидат да не’ портретираат кај нашите пријатели во меѓународната заедница дека ние сме тие палавите, дека ние сме тие лошите, дека тие се добрите и дека на тој начин практично ние создаваме кавга, немир итн, појасни Мицкоски.
Граѓаните, подвлече Мицкоски, сакаат подобро да живеат и за тоа треба да спроведеме структурни реформи и да работиме на владеењето на правото.
- Жестока борба со криминалците во политиката, но и поединците криминалци коишто за жал изминативе години ги има многу, нагласи Мицкоски.
Првиот предизвик, појасни Мицкоски е обид на структури внатре во државата да создадат нестабилност и немир, за како што вели да го заштитат „криминално стекнатиот капитал“.
- Тоа е една коалиција на луѓе коишто се манипулирани, но и на луѓе коишто точно знаат што прават со криминално стекнати пари и за да го заштитат сето тоа, свесни за одговорноста која што следи тие ќе се обидат на секаков начин да внесат немир, да ја дестабилизираат би рекол состојбата во Македонија затоа што се свесни дека оваа Влада има амбиција и тргна би рекол многу жестоко во исправање на грешките коишто тие ги направија во минатото. Но, исто така, влегуваме и во жестока борба против криминалците и корумпираните политичари и поединци и тука ќе нема исклучоци. И тие се’ ќе сторат криминално стекнатиот капитал да го заштитат на тој начин што ќе внесат немир и ќе се обидат да ја дестабилизираат состојбата во државата. Тоа е едниот предизвик, изјави Мицкоски.
Прашан дали има расположение во Европската унија за „да ни ја подотвори малку вратата“ на нашиот европски пат, Мицкоски повтори дека има начин, доколку навистина сакаат да не видат внатре.
– Јас и вчера кажав и денеска ќе повторам, доколку има расположение има и начин, тоа е позната изрека која што ја кажале многу поискусни политичари од мене и доколку навистина сакаат како што тоа го кажуваат да не’ видат внатре, тогаш има начин, изјави Мицкоски.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска и вчера престојува во прва официјална посета на Република Хрватска на покана на неговиот хрватски колега Андреј Пленковиќ. Во Загреб, премиерот Мицкоски освен со хрватскиот премиер, оствари средба и со хрватскиот претседател Зоран Милановиќ и со потпретседателот на хрватскиот Сабор, Жељко Реинер.
Ново на Сител
-
Стојановски ќе се бори за златен медал на ЕП во Таеквондо за кадети
-
Барале пари за да дадат информации - Нови детали за изчезнувањето на Лидија
-
Родри ја освои Златната топка со 41 глас повеќе од Винисиус
-
Мицкоски: Се обидуваме „Рош“ да се вратат и граѓаните да добијат врвна здравствена услуга по конкурентни цени
-
Според тестирањата во прилепските градинки, секое второ дете има проблеми со говорот
-
Мицкоски: Дефинирани се цените и производите опфатени со новогодишната кошничка
-
Од утре температурите пониски за пет до седум степени
-
ПСЖ би можел да го ангажира Куртоа за да му се одмазди на Реал за Мбапе