Мицкоски: „Безбеден град“ ќе се имплементира, додека сум премиер ќе се борам да спасам макар и еден човечки живот

Владата е одлучна проектот „Безбеден град“ да го стави во функција, а по неговата имплементација веќе нема да има толкав број жртви од сообраќајни незгоди, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговорајќи на пратенички прашања.
Целта е, нагласи, да се спасат што е можно повеќе човечки животи, без притоа да се води сметка кој од која етничка припадност е.
- Во 2025 година во Скопје имало 28 сообраќајки во кои настрадале 32 лица. Од нив 17 биле Македонци, а 12 Албанци и останати припадници на други етнички заедници. Во декември 2025 во Скопје имало нула починати, а во декември 2024 имало пет, пет спроти нула. Пред неколку дена во интервју на албански медиум кажав дека ако е тоа цената што како Влада треба да ја платиме и да дојдете вие кои ќе го укинете овој проект и повторно ќе ги вратите жртвите како резултат на сообраќајните негоди на улиците и во главниот град, коридорите и другите градови, во ред, подготвен сум тоа да го прифатам. Но, се додека јас сум премиер, ќе се борам да спасам макар и еден човечки живот, без притоа да водам сметка каква му е етничката припадност. Ќе бидам среќен, ќе спијам мирно зашто сум спасил еден човечки живот без разлика на неговата етничка припадност, му порача Мицкоски на пратеникот Скендер Реџепи кој го постави прашањето.
МИА
Ново на Сител
-

Состанок на раководството на БЕСА
-

Тема на денот со Димитар Богоески, директор на Државниот Архив
-

Стабилизација и годишна инфлација под 3% очекува премиерот
-

Бислимоски поднесе оставка
-

По најавите на Касами за смена на министри, Мицкоски му врати дека тој одучува кој ќе остане во Владата
-

Во Белград приведен Саитов, кој во Капиштец прегази жена и избега од државата
-

Мицкоски: Останаа уште неколку битанги кои ќе се најдат зад решетки
-

Одбраната на Васев го негира вештачењето на словенечкиот онколог
