Мицкоски: 63-64 македонски производи ќе се извезуваат во САД по тарифи од 0 до 6,5 проценти

Шеесет и три-шееесет и четири производи, кои за земјава се стратешки, во САД ќе бидат извезувани со едноцифрена тарифа од нула до шест и пол проценти - изјави премиерот Христијан Мицкоски и најави дека во текот на денот ова ќе биде потврдено со заедничка изјава.
- Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести oттаму и очекувам негде околу шеесет и три-шеесет и четири производи, кои се за нас стратешки, да бидат со поволна тарифа, која ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу нула и шест и пол проценти - изјави Мицкоски во одговор на новинарско прашање дали очекува поволна одлука за тарифите од САД по поставувањето камен-темелник за спортска сала во училиште во Карпош.
Тој додаде дека изминатите месеци воделе многу активни и жестоки преговори и оти ваквите поволни стапки се резултат на овие преговори.
МИА
Ново на Сител
-

Една година од трагедијата во „Пулс“
-

Средношколците од Струмица засадија дрво во спомен на жртвите од трагедијата во Кочани
-

Ново зголемување на цената на горивата
-

Трамп бара учество на НАТО во Ормускиот теснец
-

Гаши за Изборниот законик: Јас сум за отворени листи
-

Деца со алергии ги полнат ординациите на педијатрите
-

Филмот „Една битка по друга“ брилираше на Оскарите
-

Преглед на вестите од светот
