Мицевски: Власта избега од референдум затоа што се плаши

Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Вин Вин“ зборуваше за Референдумот и истакна дека референдумското прашање е поставено за да може граѓаните да гласаат за прекинување на важењето на Законот за ратификација на Договорот за пријателство и добрососедство и со самото гласање и добивање на доволниот број на гласови по однос на ова прашање, владата има обврска да постапи врз основа на мислењето односното ставовите на граѓаните.
-Сметавме дека најголем проблем на сето ова што се случува во изминатиов период, а за што е сензитивна јавноста и македонските граѓани доаѓа од проблемот со Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија, затоа што знаејќи дека ваков вид на договор потпишуваат Влада и претседател на држава и тие се одговорни по однос на овие прашања. Ние сакавме да го успориме законот за ратификација на овој договор, со што овој договор нема да престане со негова важност во моментот со донесување на одреден заклучок кој што би бил во наш интерес. Повлекувајќи се на тој договор ние на референдумското прашање е поставено за да може граѓаните да гласаат за прекинување на важењето на Законот за ратификација на Договорот за пријателство и добрососедство, со самото гласање и добивање на доволниот број на гласови по однос на ова прашање, владата има обврска да постапи врз основа на мислењето односното ставовите, рече Мицевски.
Тој во текот на своето гостување во однос на Референдумот посочи дека власта избега од Референдум затоа што се плашат од одредени работи.
-Штом избегаа од рефередумот очигледно е дека се плашат од одредени работи. Она кое е битно во целата оваа работа е што господинот Талат Џафери немаше право да си зема обврска и надлежност да толкува нешто кое не е во негова надлежност, додаде Мицевски.
Никола Мицевски координатор на пратеничка група на ВМРО – ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Ние сме против ад хок зголемување на плати без раст на продуктивноста, велат од Министерството за економија
-

Тема на денот со Борис Георгиевски, Дојче Веле на македонски јазик
-

Мицкоски на средби со државни и бизнис делегации во Давос
-

Грипот и понатаму со бројки над 2000 случаи – досега три смртни случаи поради компликации од вирусот
-

Во струмичко-валандовскиот регион речиси двојно повеќе заболени од грип во однос на лани
-

Скратени часови во „Здравко Цветковски“ поради проблем со парното
-

Шилегов и Деспотовски контра Филипче, тој ги обвинува за соработка со власта
-

Застаре уште едно кривично дело на екс премиерот Груевски
