Мицевски ја презеде од Данев координацијата со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ
Пратеникот Драган Данев денеска на неговиот партиски колега и пратеник Никола Мицевски му ја предаде функцијата координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија.
Двајцата денеска дадоа изјави за медиумите пред македонскиот Парламент. Данев рече дека оваа негова лична одлука ја донел во консултации со раководството на партијата и со претседателот, и потекнува од малку поодамна.
– Мислам дека еден ваков момент е добар за да се оди со нов координатор кој што ќе биде дополнителна вредност во работата на пратеничката група. Јас сметам дека во наредниот период како пратеник ќе дадам поголем придонес отколку како координатор, рече меѓу другото Данев.
Мицевски, пак, се заблагодари на досегашниот координатор Данев, и посочи дека пратеничката група вчера донела одлука тој да биде новиот координатор на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија, што потоа била потврдена на синоќешната седница на ИК, заедно со одлуката да настапуваат во натамошниот период како една пратеничка група.
– Ова беше разговарано во изминатиов период бидејќи постоењето на повеќе пратенички групи не наиде на она на што ние очекувавме, а тоа е доволен простор за да можеме да го искажеме сето она што беше планирано.Видовме непочитување на Деловникот на Собранието на Република Македонија и не давање можност на тие пратенички групи да го искажат сето она што требаше да биде кажано во Собранието, да го слушнат граѓаните на Република Македонија. Затоа уште малку порано беше одлучено оваа пратеничка група да настапува како една сублимирана значи од сите пратенички групи, да пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ може да се појави и да ги каже штетните политики кои што во моментот се случуваат во Република Македонија, рече Мицевски.
Ново на Сител
-
21 годишник со „мерцедес“ удрил во двајца малолетници кои се здобиле со тешки телесни повреди
-
Кривична пријава за дебранец за узурпација на парцела покрај брегот на Дебарско Езеро
-
Кривична за 31-годишник од Тетово, физички ја нападнал неговата сестра и упатувал закани со огнено оружје
-
Седумнаесет тони нафта се излеаја во Јадранското Море кај хрватскиот остров Хвар
-
Мицкоски: Се укинуваат визите за Обединетите Арапски Емирати
-
Муцунски-Ибрахимовиќ: Секој успех на една од државите од регионот на европскиот пат е добра вест за сите останати
-
Приведени двајца крадци од Велес, одземеното е пронајдено и вратено на сопственичката
-
Кривичен определи мерки притвор, куќен притвор и мерки за претпазливост за 23 лица под истрагата за остварување туѓа нега и инвалидска пензија