Мицевски: Ја повикувам Владата да ја достави оставката на министерот и заменик министерот за здравство до Собранието
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, на денешната собраниска седница, а во врска со оставката на министерот и заменик министерот за здравство укажа на членот 219 од Деловникот за работа на Собранието, кадешто се вели дека член на Влада може да поднесе оставка, и ја повикува Владата согласно Устав и Деловник да ја достави оставката на министерот и заменик министерот за здравство до Собранието.
Вие велите оставката е поднесена, каде е оставката ? Оставката на член на Влада до претседателот на Собрание се произнесува преку претседателот на Владата, ние ја немаме добиено уште, доколку е доставена, рече Мицевски.
Мицевски и посочи на Владата дека се многу несериозни, како владејачко мнозинство. Меѓу другото тој кажа дека мора да знаат дека темата е многу сензитивна. И навистина е несериозно во ситуација кога слушаме дека министер и заменик министер дале оставка, тие да не бидат процесуирани односно донесени до Собранието во рокот којшто го имаа во изминатиов период.
Затоа ја повикувам Владата, согласно Устав и Деловник, да ја достави оставката на министерот и заменик министерот за здравство до Собранието.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Борис Кондарко, претседател на Државната изборна комисија
-

Изборен молк
-

Гласаат изнемоштени, болни и затвореници
-

Цеца на концерт во Велес развеа бугарско знаме
-

Бугарија забрани извоз на нафта, Македонија нема да биде погодена од ваквата мерка
-

Македонски Каритас преку проект ги мотивира младите за кариерен развој
-

Дневно во Клиниката „Козле“ имаат по 150 прегледи на болни деца
-

Рапиден раст на бројот на пациентите со мозочен удар
