МИА: Во црквата Свети Спас не се сите коски од Гоце Делчев!
„Ќе започнам со една уникатна снимка, која за прв пат ќе биде покажана. Станува збор за коските на Гоце Делчев, досега таква снимка не е покажана, ниту пак има. Оваа снимка е направена при отворање на саркофогот во кој се чувани коските од 1923 до 1946 година. Тоа е черепот на Гоце Делчев, коските од нозете и коските од рацете“.
Ова за БГНЕС во 2023 година го изјавил Евгениј Еков, тогашен главен експерт во дирекцијата „Централен државен архив“ при Државната агенција „Архив“, пишува денеска државната Македонска информативна агенција (МИА).
Според пишувањата, „Тоа се и коските кои се пренесени во Скопје и положени во саркофагот во црквата Свети Спас. Според македонски експерти од областа на медицината, на фотографијата не се забележуваат коски кои би припаѓале на граден кош – ребра, лопатки, клучни коски и пршлени“.
„Внимателни се, велат дека за да можат да бидат целосно прецизни треба да се побара од надлежните да се отвори гробницата, да се прегледаат коските и да се даде точно објаснение што е тука, а што недостасува, но, ако се суди според сликата, во гробницата не се сите коски на Гоце. Каде се? Во Бугарија не се. Нема друго место и објаснување, туку дека тие се уште лежат во дворот на црквата во Баница, каде Гоце загинал и потоа бил закопан“ се вели меѓу другото во текстот на МИА.
Ново на Сител
-
Претежно облачно, посвежо со врнежи од дожд
-
Трамп: Близу сме до договор за крај на војната во Газа и ослободување на заложниците
-
Успешна спасувачка мисија на Водно, две лица безбедно пронајдени и евакуирани
-
Најмалку 10 лица загинаа, а над 430.000 жители на Филипини се евакуирани поради тајфунот Буалој
-
Масовен протест во ОН: Околу сто делегати ја напуштија салата на почетокот на говорот на Нетанјаху
-
Шеќеринска: НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум во БиХ
-
Гаши: Бошњаците се значајна карика за нашата држава
-
Исчезнат полски државјанин на Водно, активирани тимови за потрага и спасување