Loading Video...
Ракомет
29. јуни 2022 - 20:11

МИ: Ракометарите промашија пенал за победа над Алжир

И ракометарите продолжуваат со добрите настапи на игрите во Оран но испуштија победа над домаќинот Алжир откако Џонов не реализира пенал во последната секунда од мечот ккој заврши со резултат 24-24.

Голема битка се водеша помеѓу селекциите на Македонија и Алжир кој имаше голема поддршка од домашната публика.  По победата против Грција , нашите репрезентативци доста смело влегоа во дуелот со домаќинот на игрите и на почетокот обезбедија водство од 4-1.  И во продолжението Македонија водеше со еден до два гола разлика но во финишот од првиот дел бевме запрени од Калифа Гедбан па на пауза се замина со резултат 15-15. 

По постот од 6 минути на почетокот на вториот дел Алжир дојде до предност од 3 гола но тоа не ги збуни нашите малди ракометари и во финишот дојде израмнување на резултатот на 24-24.  Победата беше на дофат кога судиите досудија седмерец за Македонија но Гедбан го одбрани ударот на Џонов и резултатот остана нерешен. 

Следниот натпревар на Медитеранските игри нашиот национален тим го игра на 30 јуни, а противник е репрезентацијата на Шпанија.