Балкан
27. January 2018 - 21:45

"Ми го уби синот, па избега. Не знам како мислиш да живееш со тоа!?"

- Се прашувам што му поминало низ глава на мојот син во секунадата пред тој да го удри. Моето дете веќе го нема, а од наоѓањето на неговиот убиец немам ништо. Останав без син, а тој човек можам само да го прашам – Како мислиш живееш со тоа што го направи?, вели Бранка Јовановиќ, мајкa на Марко Јовановиќ, кој Урош М. (21) прексинoјќа го прегазил и усмртил, па избегал од местото на несреќата.

Српските новинари ја затекнале ожалостената мајка на местот каде настрадал нејзиниот син како пали свеќа и остава цвеќе. Како што вели таа, Марко требало да почне со работа во трговскиот центар преку улица од местото каде што загинал.

- Беше среќен што конечно најде работа и зборувавме како полесно ќе живееме со уште една плата. Требаше да работи како ноќен чувар, а таа вечер отиде да се запознае со колегите. Работниците ми раскажаа како отишол да купи нешто преку улица, кога тој монструм го згазил, раскажува Бранка.

Додека таа палела свеќа, се запрашала дали нејзиниот син воопшто го видел возилото кое го прегазило и што му се свртело тогаш во главата.

- Дали се укочил? Се прашувам кои му биле последните мисли кои му дошле во главата пред да го удри залетаната Шкода, рекла мајката на Марко.

Трагедијата се случила во саботата десетина минути по полноќ кога Урош М. (21) кој бил уапсен подоцна, со голема брзина налетал на Марко Јовановиќ недалеку од пешачкиот премин.