МФ: СДСМ сака да предизвика проблеми на пазарот на капитал во земјава

Министерството за финансии попладнево преку соопштение реагираше на изјавата на дополнителниот заменик-министер за финансии Кире Наумов во врска со аукцијата на државни хартии од вредност.
- Дали целата пропаганда поврзана со издавањето на државни хартии од вредност е во насока на предизвикување проблеми на пазарот на капитал во земјава, како што беше примерот со приказните за девлвација на денарот во април, кога граѓаните изгубија над 4 милиони евра поради предвереме разорочени депозити, или како писмата од страна на СДСМ при издавање на еврообврзницата што ја чинеа Македонија и граѓаните 30 милиони евра?, прашува Министерството за финансии.
Оттаму посочуваат дека задолжувањето преку државни хартии од вредност годинава е исто како и во 2004 година, кога владата на СДСМ за првпат ги вовела државните записи.
- Побарувачката за државните хартии од вредност е далеку поголема од она што се издава од страна на Министерството за финансии – што значи дека инвеститорите, односно банките, фондовите и осигурителните компании имаат доверба во економијата. Сепак, во насока на претпазливо менаџирање со долгот на државата, Министерството за финансии запишува многу помалку државни хартии од вредност од интересот на пазарот. Дополнително, каматата и рочноста со која се издаваат државните хартии од вредност се одлични, средствата повлечени со аукциите остануваат на депозитната сметка, а надворешното задолжување се намалува, истакнува ресорното Министерство.
Ново на Сител
-

Орбан: Будимпешта е подготвена да биде домаќин на мировни преговори меѓу Русија и Украина
-

Осомничениот за пукањето пред Белата куќа ќе биде обвинет за убиство од прв степен
-

ЈПДП: Расчистување на вегетацијата на клучките на автопатот А1, безбедноста врвен приоритет
-

На земјоделците во Грција ќе им бидат исплатени вкупно 3,7 милијарди евра
-

Зеленски: Андриј Јермак поднесе оставка
-

Меџити потврди дека Мухамед Хоџа ќе биде министер за екологија, а Беким Сали прв вицепремиер
-

Агенциите на ОН апелираа до Вашингтон да им дозволи на барателите на азил пристап до САД
-

Над 60 проценти од жителите на ЕУ лани купувале онлајн
