МФ: Денеска се одржува аукција на деветата еврообврзница
Министерството за финансии соопшти дека денеска ќе се одржи аукцијата за деветата еврообврзница.
- Агентите и потенцијалните инвеститори се известени, а според изразениот интерес кај инвеститорите се очекува успешна аукција. Сумата на која ќе биде запишана еврообврзницата ќе зависи од постигнатата цена на пазарот, а во насока на нашите заложби за задржување на најоптимално должничко портфолио според трошоци и рочност, се вели во соопштението од Министерството за финансии.
Еврообврзницата требаше да биде издадена во февруари, но тоа не се случи поради административни процедури односно се чекаше потпис од новиот министер за правда. Од Министерството за финансии тогаш изјавија дека нова аукција ќе биде спроведена веднаш по изборот на новиот министер.
- Целосната постапка за издавање на еврообврзницата ќе биде извршена по спроведување на административните процедури, кои подразбираат и мислење од новиот министер за правда, информираа тогаш од Министерството за финансии.
Ново на Сител
-
Филипче: Граѓаните живеат се потешко
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
На полноќ почнува изборната кампања
-
Партиите најавуваат демократски процес
-
Петмина средношколци завршија на штипско инфективно поради труење со храна од сендвичара
-
Колку пациенти по скринингот во Трубарево биле на дополнителни прегледи на Пулмологија?
-
Осветен храмот „Свети Константин и Елена“ во центарот на Скопје
-
Вандализиран муралот на Мајка Тереза