„Метлата“ ќе ги зафати сите нивоа на власта
По завршувањето на претседателските избори ќе дојде редот на „метлата“ која ќе чисти во јавните претпријатија, министeрствата и Владата, рече премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев.
Тој вчера посочи дека ќе има промени за да се отстранат слабостите во извршната власт и оти веднаш ќе почне со анализи во одредени консултации со првите соработници.
-Знаете дека мора да бидат затворени изборите, со официјално прогласување од Државната изборна комисија со самиот извештај за да ги почнеме таквите постапки. Јас сум надлежен во извршната власт, овде ќе има промени, изјави Заев одговарајќи на новинарско прашање за најавената „метла“.
Најави дека истовремено ќе прави промени и на другото место каде што е надлежен како претседател на СДСМ.
Ќе има нови кадри кои ќе треба да извлечат поука, да не ги повторат истите грешки како претходните и истовремено да покажат уште поголем резултат од претходните.
Веднаш по изборите стигна и првата оставка од министерот за култура Асаф Адеми која, како што рече премиерот Заев ја очекувал, бидејќи тој ја најавувал повеќе од шест месеци од здравствени проблеми.
Одговарајќи на новинарско прашање, рече дека лично размислува за новиот министер за култура и додаде оти сé уште не е подготвен да соопштува имиња.
Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски вели дека ќе ја почитува евентуалната одлука и тој да биде зафатен со „чистката“ на владините функционери што ја најави неодамна премиерот Зоран Заев.
– Апсолутно кај него е одлуката. Што и да одлучи апсолутно се согласувам со таа одлука, рече Манчевски, одговарајќи на новинарско прашање дали смета дека можеби „чистката“ ќе започне од кај него поради оценките на дел од јавноста дека нема реформи во администрацијата.
Според него, апсолутно со „чистката“ ќе бидат опфатени вработените во администрацијата кои не одат на работа, а земаат плата.
Манчевски вели дека е субјективно да каже колку е задоволен од својата работа, смета дека секогаш може подобро и оти е главен судот на граѓаните.
Ветува дека на крајот на годинава ќе следат конкретни резултати во реорганизација на целиот систем, за што ќе се дебатира со опозицијата за да се добие поддршка и да не се протолкува како политички реваншизам.
Ново на Сител
-
ОЈО Скопје ќе бара од МВР распишување национална потерница и меѓународна потерница за Груби и Бајрами
-
Премиерот Мицкоски на Самитот ЕУ - Западен Балкан во Брисел
-
10 години Брза Кујна | Никола Мишковски и Сања Савеска | ПРОфесија | Sitel Podcast 075
-
Груби недостапен, Судот му одреди 30 дена притвор
-
МВР поднесе кривични пријави против поранешен директор на Градски трговски центар - Скопје и тројца вработени
-
Кривични пријави за Груби, Ковачевски, Прпарим и уште пет лица
-
Театрите и Филхармонијата со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024
-
Расчистено убиство во обид во Скопје, поднесена кривична пријава против две лица