Балкан
11. July 2017 - 20:35

Метеоролозите предвидуваат невреме во Хрватска и БиХ

По високите температури измерени на Балканот, ќе следи промена на времето односно дождови, громови и силен ветер, најавија метеоролозите на Хрватска и Босна и Херцеговина.

Во Хрватска е издадено портокалово предупредување поради можно невреме пропратено со грмежи на подрачјето на Истра, Госпиќ, Загреб и Карловац,

Од средина на неделата следи намалување на темературите, како и дождови во северниот дел на Јадранско Море.

Федералниот хидрометеоролошки завод на БиХ предвидува локално силно невреме вечерва, пропратено со силен ветер во Краина и во северните делови на земјата.