-->
-->
Металург доби „виза“ за игра во Лигата на шампионите
-->
Македонскиот вицешампион во ракомет Металург и во новата сезона 2017/18 ќе биде дел од Лигата на шампионите. Металург повторно ќе биде дел од групите Ц и Д, каде се натпреваруваат условно „послабите“ екипи односно во двете групи од по шест екипи. Металург и оваа сезона побара „вајлд карта“ што беше потврдена од страна на ЕХФ.
Европскиот и македонски шампион Вардар е дел од натпреварите во А и Б групите, каде вкупно ќе учествуваат 16 екипи.
Во групите А и Б ќе бидат поделени следниве екипи: Вардар (шампион), Веспрем, Рајн Некар Ловен, Килеце, ПСЖ, Кил, Флензбург, Загреб, Нант, Барселона, Висла, Кристијанштад, Алборг, ПИК Сегед, Цеље и Мешков Брест.
Во групте Ц и Д ќе се натпреваруваат следните тимови: Металург, Адемар, Скјерн, Монпеље, Кадетен Шахфаузен, Мотор Запорожје, Бешикташ, Горење, Елверум, Чеховски Медведи, Динамо Букурешт и победникот од квалификациите.
Извлекувањето на групите ќе се одржи на 30.јуни во Љубљана, а натпреварите од 1.коло ќе се играат од 13 -17.септември.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
За 100 евра месечно поскапе сместувањето во државни старечки домови
-
Тошковски најавува кривична одговорност
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
-
РСБСП: На матурска без автомобил!
-
Шпанија и Португалија без струја
-
Палевски: Ако сум убил – ќе правев алиби
-
СДСМ со видео снимка обвинува дека Тошковски штити роднини на високи партиски функционери
-
Претседателката на ДКСК Димитровска веднаш да поднесе оставка