Метална конструкција на местото на ѕидот на мостот на Ибар во Косовска Митровица
Во Косовска Митровица денеска почна отстранувањето на потпорниот ѕид, што, според планот на уредување, ќе биде заменет со нова конструкција.
Новата конструкција треба да биде вовлечена два метра кон внатрешноста на пешачката зона, а нејзината изградба треба да почне во вторник, на 7 февруари.
До градежните работи во близина на мостот на Ибар, во Косовска Митровица, доаѓа по договорот што вчера беше постигнат во Приштина меѓу претставници на оваа општина и косовската Влада, а со посредничка улога на ЕУ и амбасадата на САД во Приштина.
Градоначалникот на Северна Митровица, Горан Ракиќ, вчера изјави дека место потпорниот ѕид ќе биде изградена конструкција што ќе биде вовлечена два метра кон шеталиштето и дека таа во суштина ќе биде безбедносна мерка за возилата да не можат да влегуваат на шеталиштето.
Пристапот до шеталиштето, кога се во прашње возилата, ќе биде овозможен единствено за возилата на итната помош, на полицијата и на протовпожарната служба.
Голем број новинарски екипи го следи овој настан, а во близина на мостот се видени засилени полициски патроли, додека војниците на КФОР стандардно се наоѓаат на статичниот пункт.
Ново на Сител
-
Бела куќа: Фактот што Трамп го покани Нетанјаху пред другите значи дека ќе продолжи цврсто да стои со Израел
-
Таткото на Фросина најави помасовни протести и бара доживотен затвор за Васил
-
Началникот на ГШ на германската армија предупредува на сериозноста на заканата од Русија
-
Членовите на американскиот Конгрес од Демократската партија ветуваат дека ќе го одбранат УСАИД
-
МОН: Македонскиот одбор за акредитација на високото образование би можел да се реорганизира по модел на унгарскиот
-
Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Каласлари – Градско
-
Кривична против градежна инспекторка од општина Куманово
-
Маж од Свети Николе нападнал малолетник