Мета загрижен за состојбата со Ковид-19, бара итни мерки од Владата

По низата дневни рекордни бројки на новозаразени со Ковид-19 во земјата, албанскиот претседател Илир Мета ја изнесе сопствената загриженост за влошената состојба и побара од Владата да го зголеми буџетот за здравствениот сектор, јави дописничката на МИА од Тирана.
Исто така тој бара под итно преземање на сите потребни мерки и зголемување на болничките капацитети за интензивна терапија, набавка на потребните апарати и преземање на се што е неопходно за третирање на заболените од коронавирус.
– Ништо не е поважно од животот на граѓаните, порача Мета.
Тој потенцира дека секој граѓанин треба да биде совесен во спроведувањето на јавните препораки, за носење маски, почитување на физичката оддалеченост и максимална хигиена, бидејќи „најмала неодговорност не само што го загрозува нивното здравје и живот, туку и на нивните деца, родители, баби и дедовци, соседи и пријатели“.
„Многу е важно, особено во услови кога сме во екот на туристичката сезона, да покажеме максимална одговорност и соработка. Само на овој начин и благодарение на националната солидарност ќе можеме да ја надминеме оваа опасна пандемија со најмали можни последици, не дозволувајќи нејзина натамошна ескалација. Заедно да го заштитиме здравјето на секој граѓанин“, напиша Мета на Фејсбук.
![]()
На објавата постира фотографија на преморени и вознеморени медицински лица и искажува огромна благодарност за несебичната пожртвуваност на белите мантили.
Според последно соопштените податоци, вчера во Албанија е регистриран нов рекорд, во низата рекордни бројки на новозаразени, или 139 лица. Загрижувачки е и бројот на хоспитализирани лица. Синоќа по пишувањата во медиумите, Министертвото за здравство и социјална заштита призна дека бројот на хоспитализирани е 200 наспроти објавената бројка од 110 пациенти.
Ново на Сител
-

Хет-трик на Стефан Ристиќ за голема победа на македонската репрезентација до 17 години над Унгарија
-

Андовски: Алта банка АД Битола ги исполнувала сите супервизорски стандарди пред воведувањето администрација
-

Сиљановска-Давкова на COP31: Климатската амбиција мора да се претвори во конкретно дејствување
-

Културата како мост за поврзување со Јапонија
-

Мицкоски: Ваква енергетска криза немало досега, но поскапувања на струјата кај нас ќе нема
-

Казино во Кичево фатено како краде струја – со уред од црниот пазар манипулирале броила и направиле штета од 44.000 евра
-

Насилничките од Ѓорче Петров кои тераа 13-годишно девојче да јаде кучешки измет упатени во поправен дом
-

Јован од Струмица освои прво место на меѓународен шаховски турнир во Србија, победи двајца интермајстори и двајца фидемајстори
