Мета во „конфликт“ и со албанската Академија на науките
Албанскиот претседател Илир Мета со одбивањето да ја потпише уредба со која на чело на албанската Академија на науките треба да застане Скендер Ѓинуши, се чини влезе во уште еден кофликт.
Извршниот совет на оваа институција таквиот чекор на претседателот Мета го оценува како „целосно неважечки“.
-Непотпишувањето на уредбата е спротивно со законот, недостатокот на каков било правен лек во законот за Академијата да дејствува по одбивањето на назначувањето, правен ќор-сокак создаден меѓу фактот дека имаме претседател избран од страна на Собранието на Академијата со конечна одлука и фактот дека единствената пречка за назначување на избраниот претседател на институцијата, според образложението на шефот на државата е неподнесената оставка од лидерска функција на Соцјалдемократската партија пред номинацијата, што не е вистина, стои во реакцијата.
Понатаму се наведува дека било одлучено да се свика вонредно Собранието на Академијата на науките за да се разгледа предлогот на Извршниот совет да побара од Претседателот да го преиспита назначувањето на Ѓинуши.
Во образложенито на Мета меѓу другото стои дека Ѓинуши бил претседател на политичка партија кога бил член на академијата, што е спротивно на законот а на партиската лидерска функција бил и откако бил избран за прв човек на академијата па дури и за време на локалните избори.
Против изборот на Ѓинуши беше и познатиот албански академик Артан Фуга, кој ја поздрави одлуката на Мета оценувајќи дека „на академиците им се дава можност да се вратат на патеката за почитување на законот“
Академик Скендер Ѓинуши со мнозинство гласови, како единствен кандидат за претседател на Академијата на науките на Албанија, беше избран на 24 мај. За неговиот избор гласаа 35, додека шестмина од академиците беа против.
Професор доктор Ѓинуши (70) е роден во Валона, дипломирал на Природно математичкиот факултет во Тирана – отсек математика, каде е редовен професор, а докторирал на Универзитетот „Пјер и Марија Кири“ во Париз.
Бил пратеник во албанскиот Парламент во четири мандати, спикер на албанскиот Парламент 1997/2001 година, во периодот 2002/2005 вицепремиер и министер за труд и социјална
Ново на Сител
-
Мицкоски: Заканите на Ахмети не поминуваат кај народот
-
Пазарен ќе проверува како се растат цените по маркетите – Мицкоски најавува жестока акција
-
Седница на Советот на Град Скопје
-
Ги забавуваа скопјани за Нова Година, ама цела година ги чекаат парите од Град Скопје
-
Нова спортска сала
-
Aмбасадорите на Пендаровски Владата ќе ги враќа со толкување
-
Армијата ќе се засилува со вработување на 300 професионални војници
-
Мицкоски: Срамно е однесувањето на големите трговци, ДПИ во засилени контроли на цените пред празниците