Мета: Консензус за реформите или техничка влада до избори

Реформите во албанското правосудство, за кои власта и опозицијата не може да постигнат консензус, а се клучен услов за членство на Албанија во ЕУ, ја разнишаа и владината коалиција, јави дописникот на МИА.
Спикерот на албанскиот Парламент и лидер на Социјалистичкото движење за интеграција (ЛСИ), Илир Мета се закани со оставка доколку не се усвојат реформите и најави дека неговата партија ќе бара формирање техичка влада до одржувањето на нови избори.
- Мојот предлог гласи: Да се сретнеме ние петмина, јас како претседател на Парламентот, двајцата лидери на главните политички партии, кои ја носат одговорноста во Парламентот пред народот, бидејќи ова е реформа на Парламентот, и двајцата почитувани амбасадори на САД и ЕУ и да најдеме решение. Во спротивно да се формира техичка влада до предвремени парламентарни избори, изјави Мета, кој е клучен колаициски партнер на премиерот Еди Рама.
По ваквата изјава Рама свикал вонредна средба со министерите и пратеничката група на неговата Социјалистичка партија, но засега нема информации што е договорено.
Седницата на Парламентот на која на дневен ред се реформите е закажана за 21 јули, но и покрај посетата на помошникот државен секретар на САД, Викторија Нуланд на Тирана и низата средби на американскиот амбасадор и евроамбасадорот со лидерите на двете најголеми партии, тие се уште се делеку од постигнување консензус.
Опозицијата го отфрли и последниот предлог што го даде Рама да напишат свои предлог-реформи и да ги дадат на разгледување на САД ио ЕУ и додколку тие се согласат со нив, ќе ги гласаат и пратениците од власта.
Ново на Сител
-

Орбан: Парите за Украина треба да се пренасочат кон развој на армиите на европските држави
-

Јаневска: Законот за високото образование в понеделник на ЕНЕР, наставниците ќе добијат 7,5 проценти покачување со мартовската плата
-

Мицкоски за проблемот со транспортерите: Имавме дипломатска офанзива, има неколку можни решенија
-

Обезбедени се средства за набавка на 150 електрични автобуси за Скопје и општините
-

АХВ го одзеде малтретираното куче, сопственикот ќе биде казнет
-

Најмалку 85 луѓе загинаа во САД како последица на снежната бура и ниските температури
-

Ердоган понуди Анкара да посредува помеѓу Иран и САД
-

Мицкоски за затворањето на постмониторинг дијалогот со ПССЕ: Ова е историски ден, рамо до рамот со денот кога се прогласи независноста
