Балкан
29. јуни 2020 - 13:25

Мета бара под итно конкретна долгорочна стратегија за справување со Ковид-19

Албанскиот претседател Илир Мета, по, како што го оценува, загрижувачкиот тренд на раст на заразени граѓани со Ковид-19, особено на бројот на почнати, во однос на периодот на појавување на пандемијата и карантинот, смета дека под итно е потребен сериозен, одговорен и транспарентен одраз.

„Потребна ни е конкретна долгорочна стратегија, не спорадична и медиумска, за да се соочиме и да го доведеме под контрола ширењето на оваа пандемија, која сериозно го загрозува здравјето и животот на граѓаните“, напиша Мета на Фејсбук.

Додаде дека е „потребна дури и поинтензивна комуникација со земјите од регионот и ЕУ, како и со СЗО, за усогласување на дејствијата и размена на информации во реално време, заради стратегија која ќе овозможи побезбеден и побрз излез од пандемија“.

Искажува најдлабоко сочувство до семејствата кои ги изгубија своите најблиски,посакува брзо закрепнување за сите заболени и ја потенцира потребата за строго почитување на здравствени протоколи и превентивни мерки.

-Од витално значење е да се зголеми ефикасноста на овие мерки, преку свесност, транспарентност, инклузивност и зголемување на духот на соработка, бидејќи главната заедничка цел треба да биде да се заштити здравјето на граѓаните и националната економија. Особено, неопходно е да се зголеми сигурноста во управувањето со пандемијата, сега кога влегуваме во екот на туристичката сезона, за да извлечеме максимум од тоа, наведува Мета во објавата.

Според денес објавените податоци од Министертвото за здравство и социјална заштита, во последното деноноќие регистрирани се нови 64 случаи со Ковид-19,со што вкупната бројка се зголеми на 2.466. Во исто време починале три лица или вкупно 58, од почетокот на пандемијата.