Месиќ: Србите го мразат Милошевиќ не затоа што предизвика војни, туку затоа што беше поразен во нив

Поранешниот претседател на Република Хрватска, Стјепан Месиќ вели дека државите кои произлегоа од некогашна Југославија можеа да се осамостојат без војни и крвопролевања, но политиката на поранешниот српски претседател, Слободан Милошевиќ „беше таа која им предизвика трагедии на несрпските народи“ во регионот.
Месиќ, кој престојува во официјална посета на Приштина, по вчерашната средбата со претседателот на Собранието на Косово, Глаук Коњуфца, изјави дека, како член на Претседателството на тогашна СФР Југославија во периодот пред распадот на таа држава имал големи судири со Милошевиќ, за кого вели дека е виновен за војните и трагедиите на просторите на поранешната заедничка држава.
Според соопштението од кабинетот на Коњуфца, Месиќ изјавил дека во Србија „продолжуваат да го мразат Милошевиќ, но не затоа што ги предизвика сите крвави војни во регионот, туку затоа што во тие војни беше поразен“.
– Југославија можеше да се распадне без војна, меѓутоа шовинистичката политика на Милошевиќ беше таа која им предизвика трагедии на несрпските народи на овие простори. Тој мислеше дека ќе го излаже светот за „српската правдина“, но се излажа себеси и ги излажа Србите. Србите продолжуват да го мразат Милошевиќ, но не затоа што ги предизвика сите крвави војни во регионот, туку затоа што во тие војни беше поразен, изјави Месиќ.
Ново на Сител
-

Поради маглата на скопскиот аеродром откажани 20 лета, два пренасочени, слетале 13 авиони, исто толку полетале
-

Повреден возач по судир на две товарни возила на автопатот Скопје-Тетово
-

Руте: Путин е главната пречка за мирот во Украина
-

Без вода утре ул. „Драгиша Мишовиќ“ во Карпош
-

Почна зимата
-

Поради намалена видливост откажани се 20 летови на скопскиот аеродром, слетале само авионите од Дортмунд и од Виена
-

Песков: Не е планиран телефонски разговор меѓу Путин и Трамп, ќе го организираме по потреба
-

Двајца македонски државјани загинаа во тешка сообраќајка на патот Белград – Ниш
