Месиќ: Неотворањето на преговорите со Северна Македонија и Албанија е лоша одлука на ЕУ

Поранешниот претседател на Хрватска Стипе Месиќ смета дека неотворањето на преговорите за зачленување на Северна Македонија и Албанија во Европската унија (ЕУ) беше лоша одлука на Брисел, која е штетна за целиот регион, но и за самата ЕУ, јави дописникот на МИА од Приштина.
Месиќ во интервју за приштинската агенција КосоваПрес вели дека приклучувањето во ЕУ на Југоисточна Европа ќе ѝ овозможми на Унијата да стане сериозен фактор во светот.
– Сметам дека ова е лоша одлука на ЕУ, бидејќи само обединета Европа може да биде сериозен фактор во светот. А, за да биде Европа еден таков фактор во светот, Југоисточна Европа мора што поскоро да влезе во ЕУ, изјави Месиќ.
Говорејќи за односите меѓу Косово и Србија и напорите за изнаоѓање решение за споровите меѓу двете држави, поранешниот хрватски претседател се спротивстави на идеите за промени на границите.
– Секогаш сум бил против промена на границите. Треба да ги отвориме границите и да соработуваме, а не да разменуваме територии, изјави Месиќ за КосоваПрес.
Тој смета дека дијалогот меѓу Приштина и Белград мора да се обнови, но не верува дека Србија би можела наскоро да ја признае косовската држава.
– Тој дијалог мора да се води бидејќи се работи за две соседни држави. Поради внатрешните прилики, Србија тешко дека ќе може наскоро да донесе одлука за признавање на Косово. Тоа што треба итно да се направи, е отворањето на границите за граѓаните на Косово, за да можат да патуваат, да ги разменуваат нивните идеи и капитал, изјави Месиќ, залагајќи се за што поскорешна визна либерализација за косовските граѓани.
Стјепан Стипе Месиќ беше претседател на Република Хрватска од 2000 до 2010 година.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Никола Србов, историчар
-

Мицкоски верува во решение преку дијалог со Бугарија - Филипче бара европска иднина
-

ВМРО-ДПМНЕ со 3,5 пати поголем рејтинг од СДСМ
-

Кризната состојба за горивата ќе продолжи до април, намалено ДДВ за дизелот до 20 октомври
-

30.000 вакцини против грип пристигнаа во земјата – имунизацијата за една недела
-

Скопското Кале ќе биде прогласено за културно наследство
-

Оризовите стрништа го палат алармот кај пожарникарите
-

Од 20 - 30 питачи од најмала возраст во Oхрид
