Меси спие на душек, што го убива коронавирусот
Додека светот продолжува да се тресе од КОВИД-19, Лионел Меси ужива привилегија да спие на специјален душек што го уништува вирусот.
Ова го откриваат шпанските медиуми во пресрет на враќањето на Барселона во Лигата на шампионите, каде вечерва екипата го пречекува Наполи во реваншот од 1/8-финалето.
Излезе дека една локална компанија – „Tec Moon“, направила специјален душек користејќи иновативен систем, откако специјалните наночестички го убиваат вирусот до 99,84%.
Името на моделот е „Viruclean“ и чини околу 1.000 евра. Потребни се 4 часа на душекот да се елиминираат потенцијалните честички на вирусот, што ќе обезбеди здравје на друго лице ако одлучи да лежи на истиот кревет.
Излегува дека Меси не го купил овој душек, но истиот му го дал производителот – веројатно за рекламни цели.
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Истече рокот за приговор до ДИК
-
Претседателска кампања 2024
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Течат последните часови од рокот за приговор - ДИК ќе чека до 19 часот
-
И Мицкоски и Ковачевски во поход за поддршка од помалите партии
-
Изборна кампања
-
Ценовен шок за возачите: Поскапе осигурувањето за регистрација на возилата