Меси: Што и да биде и што носи иднината – само Бог знае
Лионел Меси против Венецуела на познатиот стадион Монументал го одигра најверојатно последниот натпревар за Аргентина на домашен терен. Победата од 3:0 беше во сенка на настапот на Меси, кој постигна два гола, а Аргентина веќе имаше обезбедено пласман на Светското првенство.
По натпреварот живата фудбалска легенда 38-годишниот Меси на социјалната мрежа Инстаграм испрати порака, која дополнително ги потврди најавите за негово заминување во репрезентативна пензија.
Посебна ноќ за мене, останав нем поради набојот на емоциите. Срдечно заблагодарувам на сите за љубовта и за безрезервната поддршка. Што и да биде и што носи иднината – само Бог знае, напиша Меси.
Се очекува Меси следното лето да ја предводи Аргентина на Светското првенство во САД, Канада и Мексико.
МИА
Ново на Сител
-
Одбележан 8 ми Септември - Ден на независноста на Македонија
-
Партиите со честитки за Денот на независноста
-
Владата не верува дека линиите на Филипче може да бидат црвени
-
Голема НАТО вежба во Бугарија
-
34 години независна Македонија
-
Сиљановска: Нема услов кој Македонија не го исполнила
-
НАТО вежба во Бугарија
-
Во Струмица вечерва започнува 33-то издание на Фестивалот на камерен театар ,,Ристо Шишков“