Меси по рекорден седми пат најдобар стрелец во Ла Лига
Капитенот на Барселона, Лионел Меси стана најдобар стрелец на фудбалскиот шампионатот на Шпанија. Во сезоната 2019/20, Аргентинецот постигна 25 голови.
Ова е рекорден седми пат, и четврти пат по ред, тој го освои трофејот „Пичичи“ – награда за најефикасниот играч во лигата. Претходно Телмо Сара од Атлетик Билбао шест пати бил најдобар стрелец во Шпанија.
Покрај тоа, Меси стана и најдобриот асистент оваа сезона, поставувајќи го рекордот со 21 додавање по кое е постигнат гол.
На вечната листа на стрелци во Шпанија, овој резултат на победникот е најлош во последните 13 години. Во сезоната 2006/07, напаѓачот на Реал Мадрид Руд ван Нистелрој исто така постигна 25 пати, а најдобриот стрелец постигна помалку голови последен пат во 2003/04 година. Тогаш Кристијан Роналдо од Реал имаше 24 погодоци.
Ново на Сител
-
Уставен ќе ја оценува уставноста на протоколот со Бугарија - Поповска очекува да биде прогласен за ништовен
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-
Мицкоски: 24 години по Рамковниот - Заедно сме посилни
-
Што е постигнато со Рамковниот договор на економски план?
-
Претседател на Антикорупциска ќе се избира после локалните избори
-
Мицкоски: Се прават натчовечки напори да се стави под контрола пожарот во ловиштето Јасен
-
Европа гори: Загинати, повредени и масовни евакуации
-
Нова формула за финансирање на основното и средното образование