Меси купи 35 златни ајфони за играчите и тренерите на Аргентина
Напаѓачот на ПСЖ и Аргентина, Лионел Меси купи 35 златни ајфони за играчите и тренерите на националниот тим.
Бенџамин Лион, шеф на компанијата за уредување телефони „Indesign Gold“, рече: „Беше чест да му доставам 35 златни „iPhone 14“ на Меси. Ги нарача за соиграчите и стручниот штаб како подарок за победата во финалето на Светското првенство“.
На задната страна на секој телефон се имињата и броевите на репрезентативците на Аргентина.
- Лионел не контактираше неколку месеци по финалето на Светското првенство. Тој рече дека би сакал да им подари посебен подарок на сите играчи и стручниот штаб за да ја прослават нивната убава победа, но не сакаше да подари нешто обично како часовник. Предложив златни iPhone-и со бројки, а идејата му се допадна на Лео, изјави Лион за „Сан“.
Триесет и петгодишниот Аргентинец потрошил околу 200 илјади евра за овие подароци.
Аргентина го освои Мундијалот по трет пат, претходно до трофејот стигна во 1978 и 1986 година.
Ново на Сител
-
Поставување камен темелник на нова спортска сала во Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“
-
Охридско лето денес слави 65 години роденден
-
Зголемен интересот кај штипјани за имунизација со ХПВ вакцина
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Кирил Михаилов, заменик директор во Национални шуми
-
ВМРО-ДПМНЕ го осуди настанот
-
Раста уапсен во Охрид, не стигна да настапи со Џејсон Деруло
-
Повторно гори кај Желино: Состојбата на другите места ширум државата е стабилна