-->
-->
Meси ја заврши репрезентативната кариера
-->

Лионел Меси реши да стави крај на репрезентативната кариера, откако загуби уште едно финале со националниот тим. Аргентина, во финалето на Копа Америка, кое се одигра во ноќта помеѓу неделата и понеделникот, на пенали загуби од Чиле 2-4, а Меси беше еден од трагичарите на мечот.
Меси, во финалето кое по 120 минути заврши без голови, промаши пенал во првата серија, откако истото го направи Чилеанецот Артуро Видал.
Во наредните две серии пеналџиите беа сигурни Кастиљо и Арангуиз за Чиле, односно Маскерано и Серхио Агуеро за Аргентина.
Во четвртата серија Чилеанецот Босежур беше сигурен реализатор, додека Клаудио Браво го одбрани ударот на Лукас Биља. Титулата на Чиле му ја донесе Франциско Силва кој мирно го реализираше решавачкиот пенал.
Веднаш по поразот во финалето, трет за Меси и Аргентина во последните три години, напаѓачот на Барселона изјави дека става крај на репрезентативната кариера.
„Донесов одлука. Тоа е тоа, се обидував, се трудев, но во моментов така се чувствувам. Тажное што ова повторно ни се случува, а покрај сето тоа јас промашив и пенал. Да, тоа е тоа...“, рекол Меси.
Меси за Аргентина има одиграно 113 натпревари, а на Копа Америка Сентенарио успеа да стане најдобар стрелец во историјата на националниот тим со 55 голови.
Сепак, Меси со Аргентина не успеа да оствари резултати какви што бележи со Барселона, со националниот тим успеал да победи само на Олимписките игри во 2008 година. Во кариерата загубил во три финалиња на Копа Америка и едно финале на Светско првенство.
Поради фактот дека со Аргентина не освоил значајна титула многумина оспоруваат дека тој е веројатно најдобриот фудбалер на сите времиња.
Фудбалската репрезентација на Аргентина нема освоено трофеј од 1993 година, кога последен пат триумфирала на Копа Америка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Зеленски го осудува недостатокот на меѓународен одговор на руските напади
-

Руте: Сојузниците издвоија лани повеќе од 10 милијарди долари помош за Украина
-

ЕУ и обезбедува на Шпанија помош од 115 милиони евра за справување со миграциската криза во Сеута
-

Прволигашите без проблеми во куп натпреварите
-

Ферари и Леклер добро минаа по инцидентот во Монца
-

Ненадејно почина познатиот грчки пејач Јоргос Мазонакис
-

Мицкоски: Имам лоша вест за сите што шпекулираа – Давид Гета и сите настани за 8-ми Септември ги чинеа граѓаните 0 денари
-

Вучиќ распиша вонредни парламентарни избори на 25 октомври
