Меси ја освои наградата Лауреус и се запиша во историјата
Лео Меси ја освои наградата Лауреус за оваа година. Тој ја подели наградата со пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон.
Меси стана првиот претставник на тимски спортови кој ја доби оваа награда и со тоа влезе во историјата на наградите Лауреус.
Наградата , позната и како „Спортски оскар“, годишно ја доделуваат „Laureus World Sports Awards“ на спортистите за нивните достигнувања минатата година.
Номинирани беа и тенисерот Рафаел Надал, голферот Тајгер Вудс, маратонскиот тркач Елиуд Кипчоге и возачот на мотоцикли – Марк Маркез.
Минатата година Меси ја освои својата шеста „Златна топка“, додека Хамилтон стана шампион во Формула 1 по шести пат. Капитенот на Барселона ја прескокна вечерта и испрати видео порака.
„Сакам да се извинам што не успеав да дојдам на церемонијата на доделување на наградите и ви благодарам за тоа признание. Ова е посебна и многу важна награда. За мене ми беше чест што сум првиот тимски играч што ја добива оваа награда. Обично се дава на претставници од индивидуални спортови. Сакам да им се заблагодарам на моите соиграчи, семејството и навивачите кои ме поддржуваат. Се надевам дека ќе се сретнеме повторно еден ден“, рече Меси.
Ново на Сител
-
Институциите пред тест по проширувањето на црната листа
-
Тема на денот со Столе Наумов
-
Пулмологија полна – Загадениот воздух причина за повеќе пациенти со компликации
-
Донација од Прилепска пиварница
-
Прво подготвителна седница па конечна одлука - Уставен следната година ќе одлучува за законот за јазици
-
ДУИ се заканува со нови протести – ВРЕДИ слави
-
Обвинителството оформи предмет за Груби и Беџети, истражува кој плаќал и кој земал поткуп
-
Ахмети: Ако се докаже корупција, Груби сам ќе ја напушти ДУИ