Меркел: Знам дека ги загубивме изборите поради ставот за миграцијата

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека е незадоволна со резултатите од регионалните избори, на кои нејзината партија го зазеде третото место, зад антимиграционата партија и дека е свесна оти причина за тоа е нивната мигрциска политика.
Меѓутоа, Меркел е уверена дека таа политика е „правилна уште од самиот почеток“.
Меркел призна дека нејзиниот став по прашањето за примање на мирантите и донел пад на популарноста, дури и пораз на нејзината конзервативна партија на вчерашните избори во Мекленбург.
- Многу сме незадоволни од резултатите на изборите, истакна Меркел.
Меркел додаде дека „сепак тоа не ја намалува правилноста на нејзината одлука“, како и дека е „неопходно Германија да продолжи со решавање на тоа прашање“.
- Потребно е да ја вратите довербата на луѓето и можноста за интеграција на мигрантите, како и доследно депортирање на оние кои не ги исполнуваат условите за добивање на азил, заклучи Меркел.
Ново на Сител
-

Намален бројот на работници во индустријата
-

Руте: Продолжува испораката на ракети пресретнувачи PAC-3 за Украина
-

АХВ одбележува 15 години постоење
-

Комисиска расправа за предлог законите за високи раководители и за соодветна и правична застапеност
-

Претставничкиот дом на САД усвои резолуција за прекин на воените дејствија против Иран
-

Трамп најави учество на Самитот на Г-7 во Франција
-

Променливо облачно со повремен дожд и грмежи
-

Кувајт протера ирански дипломати по смртоносните напади
