Свет
15. November 2015 - 21:00

Меркел: Земјите од Г-20 се обединети против заканата од тероризмот

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека 20-те водечки економии во светот се обединети против заканата од тероризмот.

- Ние, учесниците на самитот на Г-20, испраќаме силна порака дека сме посилни од тероризмот во каква и да е форма, истакна Меркел на самитот на лидерите од Г-20 во Анталија. Таа рече дека терористичките напади во Париз се едни од главните прашања за кои дискутираат на состанокот.

За Германија е многу важно надворешните граници на Европа да бидат зајакнати, додаде канцеларката.