Меркел заминува во посета на Турција во тензична атмосфера
Посетата на германската канцеларка Ангела Меркел која на 2 февруари заминува во посета на Анкара е обременета со низа билатерални инциденти меѓу двете земји, јавува дописникот на МИА од Берлин.
Посетата на Меркел се случува по неодамнешните обвинувања на Турција дека Берлин дава засолниште за терористички организации кои работат против владата во Анкара, а последен инцидент меѓу двете држави, според турското министерство за надворешни работи, се контактите меѓу официјален Берлин и екс уредникот на весникот Џумхуриет, Чан Дандар кој во татковината е осуден за објавување државни тајни.
Според портпарлот на турското Mинистерство за надворешни работи Хусеин Муфтоглу, Анкара е незадоволна од поканата на германското Mинистерство за правда за Дандар, кој сега е азилант во Германија, на еден од своите приеми. Според Анкара, поканата за Дандар е провокација на Германија во пресрет на посетата на Меркел на Турција.
- Jа пренесовме нашата нелагодност до властите во Берлин поради поканата упатена до Чан Дандар. Ние оваа покана jа сметаме за провокација , изјавил денеска во Анкара порпаролот на турското МНР Муфтоглу, кој сепак додал дека Турција и Германија имаат силни односи.
Официјална Анкара и Берлин се во постојани дипломатски тензии откако лани во јуни Бундестагот донесе резолуција со која масакрот на Отоманската империја над Ерменците во Првата светска војна беше именуван како геноцид.
Меркел во Анкара се очекува со својот домаќин Реџеп Таип Ердоган да разговара за повеќе прашања, од кои за Берлин е најважен договорот ЕУ - Турција со кој турската влада се обврза да ги запре сириските и ирачките бегалци на своот пат кон Европа, а за возврат да добие забрзување на ЕУ интеграцијата, три милијарди евра финансиска помош и визна либерализација.
Ново на Сител
-
Гардијан: Украина одбележува 1000 дена од руската инвазија и почетокот на војната
-
Три лица убиени во напад со нож на Менхетен
-
Николоски: Бугарија работи на алтернативна пруга на Коридор 10 и затоа е важно ние што поскоро да изградиме брза пруга
-
Зеленски соопшти дека седум луѓе, меѓу кои и едно дете, загинале во руски напад во североисточна Украина
-
Во Грузија судири меѓу демонстрантите и полицијата, уапсени најмалку десет лица
-
Како ракети со долг дострел што ја гаѓаат Русија можат да влијаат на војната во Украина
-
Во Берово најстудено, -6 степени
-
Почнува амандманска расправа за Предлог - буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет