Меркел: Слободата на медиумите ќе биде главна тема во прeговорите меѓу ЕУ и Турција
Состојбите околу слободата на медиумите во Турција предизвика вознемиреност и ќе биде поставена како главна тема во преговорите со Анкара за членството во Европската унија, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел на заедничката прес-конференција со швајцарскиот претседател Јохан Шнајдер Аман, јави ТАСС.
- Германската Влада е вознемирена од тоа што Турција одново и одново ја ограничува слободата на медиумите, истакна Меркел, и го посочи како пример последниот настан што се случи со главниот уредник на „Џумхуриет“.
Меркел нагласи дека Германија ќе го следи текот на истрагата за уапсените новинари.
Таа потенцира дека репортерите, кои се подложени на прогон, како и сите кои во сложените услови во Турција се борат за слобода на медиумите и на изразувањето на мислењето, можат да сметаат на солидарноста на Германија.
Меркел посочи дека германскиот дописник од Турција Мартин Ердман ја посетил редакцијата на „Џумхуриет“ и во разговор со новинарите истакнал колку е важна за Германија темата за слободата на печатот.
- Се разбира, таа ќе ја има главната улога во преговорите за членството на Турција во ЕУ, заклучи германскиот канцелар.
Главниот уредник на опозицискиот весник „Џумхуриет“, Мурат Сабанџу, беше уапсен на 31 октовмри и обвинет заедно со други раководители за извршување на злосторства во корист на курдските бунтовници и Фетулаховата терористичка организација (ФЕТО).
Ново на Сител
-
Мицкоски очекува посуштински разговори со Софија дури по нова година
-
Минчев: Крај за партиските вработувања во Администрација, ќе се намалува за 40%
-
Ќе успеат ли политичарите да го спречат насилството врз жените?
-
МЖСПП ги објави резултатите за загадувањето на воздухот во Трубарево
-
СДСМ: 400 пожарникари без плата
-
За време на семинар се затруле со храна во ресторан во Куманово
-
ССК со предлог до Владата - Вишокот административци да го трансферираат во приватниот сектор
-
Анализа: Нов закон за средно полициско училиште - Предности и недостатоци