Меркел: Сакам да го слушнам мислењето на лидерите на ЕУ за Турција

Германската канцеларка Ангела Меркел најави дека односите меѓу Европската унија и Турција ќе бидат една од темите на претстојниот Самит на ЕУ што ќе се одржи на 19 и 20 октомври во Брисел.
- Нема веднаш до донесеме формално решение, но би сакала да го слушнам мислењето на моите колеги за ова прашање, изјави синоќа Меркел.
Таа наглаи дека сака само да ги слушне ставовите на шефовите на држави или влади на членките на ЕУ во врска со односите со Турција, нагласувајќи дека е значајно да продолжи дијалогот меѓу Брисел и Анкара.
Односите меѓу Анкара и ЕУ, а пред се Германија, се влошија во последнава година, по ланскиот обид за државен удар во Турција, кога европските лидери ги обвинија турските власти за масовни чистки во државната администрација, полицијата и армијата и посебно по одлуката на неколку држави од Унијата за забрана за обраќања на турски министри на собири за поддршка на уставните измени во Турција.
На ваквите критики и забрани од ЕУ, Турција одговори со навреди кон повеќе европски лидери и со закани за откажување од договорот за запирање на мигратнтскиот прилив кон Европа, со кој беше запрено преминувањето на мигранти од турска територија кон земјите од Унијата.
Ново на Сител
-

Кривична пријава за поранешен директор на Здравствен дом Куманово кој го оштетил буџетот за над 21 милион денари
-

Тема на денот со Орце Ѓоргиевски, градоначалник на Скопје
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби слушна за што го гони Обвинителството
-

Што се крие зад враќањето на Груби? Партиите си разменија обвинувања
-

Радев: Прво Бугари во Уставот па потоа преговори
-

Давитковски: Правосудниот испит законски се полага само на македонски јазик
