-->
-->
Меркел: Путин е победникот на Нормандискиот самит
-->

Германската канцеларка Ангела Меркел го нарече својот руски колега Владимир Путин „победник“ на самиот на „Нормандиската четворка“ во Париз, пишува рускиот весник „Комерсант“.
„Денеска ти победи…“ ги цитира „Комерсант“ зборовите кои Меркел му ги упатила на Путин.
Германската канцеларка, наводно, оваа фраза ја соопштила додека оделе на заедничката прес конференција.
Новинарите наведуваат дека заклучокот на Меркел бил изнесен „без посебна радост“
Канцеларката, во целина, била задоволна од резултатите на состанокот. Таа за германскиот весник „Судојче Цајтунг“ (Süddeutsche Zeitung) изјавила дека работите се „ придвижиле од мртва точка“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Бараме решение за превозниците
-

СДСМ објави нова „бомба“
-

Кочани пред капитален проект, старечки дом за 150 лица
-

Преглед на вестите од светот
-

Ѓорѓиевски најавува паметен зелен бран за да се намалат гужвите низ Скопје
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-

Интензивна на Пулмологија исполнета со пациенти кои имаат компликации од грип
-

Блокирани се сите гранични премини, паркирани над 75.000 камиони ширум цел регион
