Меркел пречекана со протести во Дрезден

Стотици демонстранти протестираа против германската канцеларка Ангела Меркел која по повод празникот „Ден на германското обединување“ денеска учествува на свечена церемонија богородичната црква во Дрезден.
Толпата составена од симпатизери на германската крајна десница извикувала „Меркел мора да си оди“ и „Предавник на народот“ пред и за време на црковната церемонија. Германските медиуми јавуваат дека меѓу демонстрантите е и екс лидерот на организацијата ПЕГИДА Луц Бахман, кој уплашен од прогонот од германските власти се пресели на канарските острови, пренесува дописникот на МИА од Берлин.
Во пресрет на прославата на „Денот на германското обединување“ а по трите опожарени возила за време во последната недела, во Дрезден денеска се распоредени стотици припадници на германските полициски единици со цел да се обезбеди целосна контрола на градот во кој минатата недела беше подметнат експлозив пред локална џамија.
Според германските медиуми во близина на зградата на операта во Дрезден се распоредени и снајперисти кои што го обезбедуваат настанот на кој попладнево треба да учествуваат и претседателот Јоаким Гаук и претседателот на устанвиот суд Андреас Воскуле.
Во Дрезден вчера дојде до протести кога демонстрантите со извици „Предавник“ и „Губи се“ вербално го нападнале градоначалникот Дирк Хилберт, кој во градското собрание одржал прием за граѓаните муслимани.
Ново на Сител
-

Арсовски: Реконструкцијата треба да е робусна, а СДСМ треба да се плаши од избори
-

Тема на денот со Петар Арсовски политички аналитичар
-

Повторно судење за врсничко насилство во Штип
-

Стојанче Јовановски осуден на максимални 12 години затвор
-

Инфлацијата во април - 5,7%, најголем скок кај цените на храната
-

РКЕ ќе анализа дали блоковите се правични
-

Идниот месец реконструкција на кабинетот на премиерот Мицкоски
-

Муцунски: Нема услови за уставни измени
