Меркел: Прашањето за миграцијата ќе го одреди опстанокот на ЕУ
- Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека прашањето за справување со миграцијата кон и во рамките на Европската унија може да го одреди опстанокот на ЕУ.
Во говор пред пратениците во Бундестагот, Меркел рече дека „ЕУ се надева оти ќе им понуди на своите граѓани единствен став за миграцијата, кој ќе биде надежен и реалистичен во правен план“.
- Треба да се воспостави режим за секој вид миграција, така што луѓето ќе знаат дека законот и редот се почитуваат, рече Меркел.
Таа истакна дека Германија ќе ги исполни своите обврски за зголемување на трошоците за одбрана и ќе остане сигурен партнер на НАТО.
Германската канцеларка, исто така, обрна внимание и на заканите на САД за воведување царински давачки за увоз на странски автомобили и предупреди дека постои ризик од трговска војна ако САД ја остварат оваа закана
Ново на Сител
-
ЈП Лајка: Пронајдено младо куче затворено во напуштен автомобил без вода и храна
-
Фрлил кесичка кокаин, уапсен 35-годишник во Охрид
-
Расправија во Чаир заврши со пукање во воздух
-
Уапсени петмина во Драчево, се степале и оштетиле прозорци на куќа и автомобил
-
Поскапуваат горивата
-
Путин: Русија презема мерки за да му помогне на Иран
-
ИДФ: Нападнати шест ирански аеродроми, оштетени писти и авиони
-
Јапонскиот премиер го откажа учеството на самитот на НАТО